Ѓоров: Прашањето за ветото за Северна Македонија не треба да оди на референдум
Прашањето за повлекување на ветото за приклучување на Северна Македонија во ЕУ не треба да оди на референдум, смета Андреј Ѓоров, раководител на пратеничката група на најголема партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков.
Како што пренесува дописикот на МИА од Софија, според Ѓоров, тргањето на ветото зависи од конкретни дејствија и гаранции од Европа и од Северна Македонија.
Во изјава за БНР, тој вели дека ако има промена на таквата позиција на Бугарија, тогаш за неа ќе биде потребна заедничка одлука во парламентот, во владината коалиција, но и надвор од неа во рамките на Соевтодавниот совет за национална безбедност.
– Бугарија многу јасно кажа дека нејзин национален интерес и интерес на ЕУ е Западен Балкан да се приклучи на европското семејство. Треба да направиме разлика помеѓу зборување за интеграција и работа за интеграција. Мислам дека тука разликата помеѓу претходната и сегашната влада е навистина голема. Во последните месеци се постигна многу за непредок во односите во споредба со претходните години, кога бевме во позиција на чекање, дури и во очекување процесот да пропадне, рече Ѓоров.
Тој уште еднаш повтори дека за ветото кон Скопје не треба да се решава на референдум.
Ново на Сител
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот