Македонија
2. July 2022 - 13:26

Ѓорѓе Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство

Поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов вели дека македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Тој преку социјалната мрежа Фејсбук порача дека единствениот излез е непокорот и повика да се отфрли францускиот предлог.

-Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство.  Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.  Да живее Република Македонија, напиша Иванов на Фејсбук.