Ѓорчев се сретна со потпетседателот на Сенатот на Шпанија – Алонсо
Пратеникот Влатко Ѓорчев како шеф на Делегацијата во Парламентарното Собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) учествува на Конференцијата за жртвите на тероризмот во областа на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, што се одржува на 15 и 16 ноември 2018 година во Мадрид, во организација на Сенатот на Шпанија и ПС на ОБСЕ.
Пратеникот Ѓорчев оствари билатерална средба со потпретседателот на Сенатот на Шпанија – Педро Санз Алонсо. На средбата Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелните политички случувања во Македонија и за соработката помеѓу двете држави.
На Конференцијата пред пратениците се обратија: г. Педро Санз Алонсо, потпретседател на Сенатот на Шпанија, г. Макис Воридис, претседател на Ад-хок Комитетот на ПС на ОБСЕ за борба против тероризмот, г. Хозе Луис Санз Руиз, претседател на Комисијата за внатрешни работи на Сенатот на Шпанија и други.
Беа разменети мислења и со претставници на организациите на жртвите од тероризмот од Шпанија, САД, Франција и Белгија.
Учесниците во дискусијата ја нагласија потребата за заеднички и координиран пристап во борбата против тероризмот, вклучително и преку спроведување на релевантните меѓународни обврски, а се фокусираа и на потребата за зајакнување на контролата на границите и подобрување на размената на информации на сите нивоа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот