Тенис
17. September 2016 - 15:38

Ѓорческа запрена во полуфиналето на фјучрсот во Добрич

Македонската тенсиерка ЛинаЃорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Добрич, Бугарија. Таа попладнево загуби од првата носителка Изабела Шиникова од Бугарија со 2-1 во сетови за 102 минути игра. 

Првиот сет во 6:4 во гемови го освои Шиникова, а Ѓорческа изедначи откако го доби вториот сет со 6:3. Во решавачкиот беше 6:0 за бугарската тенисерка.
Ѓорческа за пласманот во полуфиналето ќе освои 18 поени.
Во игра на двојки Ѓорческа со Шиникова како први носителки попладнево ќе го играат финалето против Лаура Шедер од Германија и Малани Стоке од Норвешка.