Тенис
26. September 2015 - 7:55

Ѓорческа во борба за нов трофеј во двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во уште едно финале во игра на двојки. Таа заедно со Маријана Дражиќ од Хрватска претпладнево ќе играат во финалето против првите носителки Јулија Вахачик од Полска и Менди Вахемакер од Холандија.

Во полуфиналето синоќа тие ги победија Стефи Карутерс и Даниела Чиобану со 6-2 и 6-0.
Претходно Ѓорческа остана без сингл финале откако во полуфинале загуби од Наталија Вајдова од Словачка со 6-4 и 6-2.