Тенис
11. July 2016 - 9:24

Ѓорческа со најдобар ранг во кариерата

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа денеска го има најдобриот ранг во кариерата. Во поединечна конкуренција се наоѓа на 251 место со скок од 35 позиции и со вкупно 197 поени. Таа напредува на листата благодарение на одличната форма и победите на фјучрс турнирите со награден фонд 25.000 долари. 

Во конкуренција на двојки таа ја мина и грацицата од 200 место. Сега со 330 поени се наоѓа на 199.место, а допрва ќе и бидат впишани поените од триумфот на турнирот во Торино.
Оваа недела нашата тенисерка ќе настапува на фјучрс турнир во Бурска, Турција со награден фонд од 50.000 долари.