Тенис
15. November 2016 - 14:20

Ѓорческа поразена во 1.коло во Лимож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА турнирот во Лимож што се игра за награден фонд од 125.000 долари. Таа денеска загуби од Марина Заневска од Белгија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:3).
 
Слабата реализација на вториот сервис кај нашата тенисерка беше причината за поразот (еден поен за Ѓорческа, 19 за Заневска)
 
Заневска се наоѓа на 128.место на ВТА листата, додека Ѓорческа е на 205.место. Ова беше втор меѓусебен дуел на двете тенисерки и во двата наврата победи тенисерката од Белгија.
 
Ѓорческа за учеството на ВТА турнирот во Лимож ќе добие пет поени (четири како финалистка во квалификациите и еден за настапот во првото коло).
 
За следната недела Ѓорческа е пријавена на ИТФ турнир во Валенсија.