Тенис
12. August 2015 - 16:47

Ѓорческа победи на фјучрс во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот (награден фонд 25.000 долари) во германскиот град Хехинген. Таа денеска ја победи со 2:1 во сетови Германката Катарин Верле-Шелер во меч што траеше два часа. 
Првиот сет нашата тенисерка го доби убедливо со 6:1 во гемови. Во следниот сет противничката беше подобра со 6:4 во гемови, а во решавачкиот сет Ѓорческа повторно го доби сетот со 6:2 во гемови.
Во второто коло нашата тенисерка ќе игра против Фиона Феро од Франција (6.носителка), која се наоѓа на 276 место на ВТА листата. 
Ѓорческа на турнирот настапува и во конкуренција на двојки каде веќе има пласман во четвртфиналето.