Loading Video...
Тенис
8. April 2021 - 19:06

Ѓорческа ќе игра четвртфинале во Белинцона

Лина Ѓорческа  продолжува со добрите настапи на турнирот во швајцарскиот град Белинцона каде на силниот Фјучерс во рамките на 3-тото коло ја елиминира Лукреција Стефанини која како и нашата тенисерка до оваа рунда се проби преку квалификациите. 
Италијанката одлично стартуваше во мечот и го доби убедливо првиот сет со 6-1 но само до тука. Македонката не ја збуни ова водство на противникот и со рибрејк и брејк го освои вториот сет со 6-3 а во третиот не загуби ниту еден гем и триумфираше со 6-0. 
Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против уште една Италијанка, Лучија Бронцети со која играше во Москва во февруари и забележа победа.