Loading Video...
Тенис
15. January 2022 - 14:22

Ѓоковиќ вечерва ја очекува конечната одлука околу евентуалната депортација или настап на Австралија Опен

Сагата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во Австралија продолжува.  
 
Србинот повторно е во екстрадицискиот хотел за притвор. Откако министерот за емиграција реши пак да му ја повлече визата на Ѓоковиќ, а тој повторно беше сослушан, судот му наложи да се врати во притвор. Тој беше пренесен во карантин и ќе остане притворен додека се донесе одлуката.
 
Одлуката на тројцата судии се очекува вечерва 23:30 часот, но истата може и да се оддолжи и да дојде подоцна во ноќта.
 
Доколку судии решат во користна Ѓоковиќ, австралиската влада нема да има доволно време за нова реакција до стартот на првиот Гренд слем годинава, па најверојатно деветкратниот победник на Австралија опен ќе има можност да настапи на турнирот што старува утревечер.