Loading Video...
Тенис
30. August 2020 - 15:59

Ѓоковиќ со пресврт над Раониќ до трофејот во Синсинати

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ е победник на првиот турнир во пост Ковид ерата. 
 
Србинот во финалето на турнирот во Синсинати по голема борба и пресврт го победи, Милош Раониќ со 2-1, иако канадскиот тенисер го доби првиот сет, а во третиот имаше и предност. 
 
За Ѓоковиќ ова е 35-ти трофеј од Мастерс серијата 1000, со што се израмни со Шпанецот, Рафаел Надал. 
 
 
Трофејот во женска конкуренција и припадна на 
Белорусинката Викторија Азаренка, откако Наоми Осака поради повреда го откажа настапот во финалниот меч. 
 
Веќе во вторник ќе стартува Гренд-слем турнирот УС Опен инаку само втор во оваа сезона.