Тенис
16. May 2023 - 19:48

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Британецот Камерон Нори во четвртото коло на Мастерсот во Рим со 6:3 и 6:4. Времетраењето на натпреварот беше 1 час и 30 минути.

Светскиот рекет број 1 Ѓоковиќ сервираше три аса, направи 3 двојни грешки и реализира 3 брејк топки од шест шанси. Нори кој е 13-ти на светската ранг-листа, забележа четири аса, една двојна грешка и една реазирана брејк топка од две можности.

Во четвртфиналето на турнирот Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот Алексеј Попирин (Австралија) – Холгер Руне (Данска).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 7,7 милиони евра.