Loading Video...
Тенис
14. February 2021 - 18:04

Ѓоковиќ против Зверев во четвртфиналето во Мелбурн

Првиот носител на турнирот Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови го совлада Канаѓанецот, Милош Раониќ, па во четвртфиналето Србинот за противник ќе го има Германецот, Александер Зверев. 
 
На 6-тиот фаворит Зверев му беа доволни три сета да го победи Србинот, Лајовиќ. 
 
Бугаринот, Димитров кој направи големо изненадување елиминирајќи го минатогодишниот победник во Мелбурн, Доминик Тим и тоа убедливо со 3-0 во сетови, во четвртфиналето  ќе игра против Аслан Каратшев. 
 
Русинот одигра тежок меч со Канаѓанецот, Алиасиме кој го доби со 3-2 во сетови.