Тенис
21. September 2020 - 19:50

Ѓоковиќ победи во Рим и постави „мастерс“ рекорд

Новак Ѓоковиќ е победник на машкиот турнир во Рим откако во финалето со 7-5 и 6-3 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман. 

Со оваа победа најдобриот светски тенисер освои нови 400 бодови на АТП листата и ја завери 36-тата титула на турнирите од мастерс серијата со што е апсолутен рекордер пред Рафа Надал кој има 35.  Воедно Ѓоковиќ е најстариот победник во Рим со 33 години.