Loading Video...
Свет
14. January 2022 - 19:39

Ѓоковиќ нема да биде депортиран до окончување на жалбата

Австралиската Влада по вторпат му ја откажа визата на Новак Ѓоковиќ, велејќи дека светскиот тенсиер број 1, кој  е невакциниран за Ковид-19, може да претставува ризик за заедницата.

Српскиот тенисер нема да биде депортиран од Мелбурн додека сојузниот суд на Австралија не одлучи по жалбата во врска со укинување на визата. Владата нареди Гоковиќ да се врати во притвор утре наутро, а според најавите на австралиските медиуми конечната одлука на судот ќе биде позната во недела, 24 часа часа пред почетокот на Гренд слем турнирот во Мелбрун.