-->
-->
Ѓоковиќ најави п..............
-->
Трикратниот освојувач на Вимблдон, најпрестижниот турнир во светот на тенисот, Новак Ѓоковиќ (30), изјавил дека би можел да земе подолга пауза откако поради повреда му го предаде четвртфиналниот меч на Чехот Томаш Бердих.
„Не е во прашање рамото, како што се пишува, туку лактот кој ме мачи речиси 18 месеци. Се обидов да бидам максимално подготвен за игра, пред мечот два и пол часа бев на третман. Не помогна ништо. Половина час играв со неподносливи болки“, рекол Ѓоковиќ најавувајќи консултација со лекарите за долгорочно да го реши проблемот со повредата.
„Тоа што играв ден за ден не ми помогна, но тоа е ситуација што морам да ја прифатам. На секој спортист му е тешко кога мора да го предаде мечот, особено кога игра добро, а јас тука играв најдобро во последните 10 месеци. Јасно е дека ќе морам да го менувам распоредот на турнирите, а сè уште не знам дали ќе мора да одам на операција. Долго време не сум почувствувал ваква болка. Размислувам за подолга пауза“, рекол српскиот тенисер, кој од понеделник ќе биде третопласиран на АТП листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација