Тенис
16. July 2021 - 10:07

Ѓоковиќ ќе настапи на Олимписките игри во Токио

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ најави дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио. Минатиот викенд, по победата на Вимблдон, Србинот рече дека можеби нема да патува на Игрите.

– Горд сум што одам во Токио и заедно со нашиот тим ќе се борам за медали на олимписките терени. За мене, играњето за репрезентацијата на Србија отсекогаш претставуваше посебна радост и мотивација, и ќе дадам се од себе да не направам сите среќни, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.