-->
-->
Ѓоковиќ играч на деценијата
-->
Специјализираниот портал за тенис „Tennis.com“ го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар играч во последната деценија.
Иако се работи за големо признание, одлуката на порталот е логична со оглед на тоа какви успеси постигнал Ѓоковиќ во последните десет години. На почеткот на 2011 година тој се искачи на првото место на АТП листата, а таа година освои три грен-слем трофеи.
Во изминатите десет години Ѓоковиќ освоил 15 од своите 16 титули на грен-слем турнирите.
Споредено со неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, тој во последните десет години освоил повеќе грен-слем титули од нив и повеќе време минал на првото место на АТП листата.
Особено импресивен период во кариерата на Ѓоковиќ е 2015 и 2016 година кога во еден момент беше шампион на четири грен-слем турнири.
Оваа деценија на грен-слем турнирите забележал 216 победи и 24 порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење