Loading Video...
Спорт плус
19. February 2019 - 15:55

Ѓоковиќ и Бејлс најдобри спортист во светот за 2018 година

 
Вообичаено во февруари светската спортска академија Лореус ги прогласува најдобрите светски спортисти за претходната година. 
 
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го понесе признанието за најдобар спортист во изминатата 2018година, на свеченоста одржана во Монако. Ѓоковиќ кој во 2018 година направи неверојатен кам-бек на терените освојувајќи два Гренд слем турнири, по четврти пат го добива ова признание, по 2012, 2015 и 2016 година, со што се израмни со легендарниот спринтер Усеин Болд кој исто така четири пати го освојуваше ова признание. 
 
Кај дамите, признанието и припадна на американската гимнастичарка Симон Бејлс, која на СП се закити со 4 златни и по еден сребрен и бронзен медал.
 
Меѓу наградените беа и фудбалската репрезентација на Франција која триумфираше на Мундијалот во Русија, како францускиот фудбалски стручњак Арсен венгер, тенисерката Наоми Осака и легендарната американска скијачка Линдси Вон која неодамна стави крај на својата кариера.