Loading Video...
Тенис
10. May 2021 - 18:38

Ѓоковиќ и Барти остануваат на првите позиции на најновите тениски ранг листи

Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски ранг листи, на кој овојпат се случија неколку промени во ТОП 10, а по турнирот одигран во Мадрид. 
 
Александар Зверев и Арина Сабаленка триумфираа на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид. 
 
Зверев во финалето со 2-1 во сетови го победи италијанскиот тенисер Матео Беретини
дојде до нова титула која сепак не му донесе прогрес на АТП листата, па Германецот остана на 6-тото место, додека финалистот Беретини сега е  деветти минувајќи го Диего Шварцман од Аргентина.
 
По раната елиминација на Рафаел Надал, дојде до промена на втората позиција, тоа така сега зад прво рангираниот Новак Ѓоковиќ е Русинот, Данил Медведев, а Надал е трет. 
 
Белорусинката, Сабаленка направи најголем скок кај дамите. Со тиумфот во финалето над Ешли Барти која и натаму е број 1 кај дамите,  сега Белорусинката се проби од седмата на четвртата позиција, зад зад Барти, Осака и Халеп, а во ТОП 10 влезе и Петра Квитова од Чешка која на претходното рангирање беше 12-та
 
Следува турнирот во Монте Карло, а потоа 24 мај и вториот овогодишен Гранд-слем, Роланд Гарос во Париз.