Loading Video...
Тенис
26. October 2020 - 13:42

Ѓоковиќ и Барти и натаму лидери на тениските листи

Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања.
 
Без промени во ТОП-10 кога во прашање е најновата АТП тениска ранг листа објавена денеска.
 
Србинот, Новак Ѓоковиќ веќе 292-ра седмица е на првото место на АТП листа и го делат уште 18 седмици од рекордот на Роџер Федерер. 
 
Инаку, Ѓоковиќ атакува и на рекорд на Пит Сампрас, односно доколку Србинот ја задржи првата позиција на крајот од годината, ќе се израмни со Американецот со по шест календарски години на врвот на АТП листата.
 
Зад Ѓоковиќ се Шпанецот, Надал  и Австриецот, Доминик Тим кој вчера триумфираше на турнирот во Келн. 
 
 
Нема промени ниту во ТОП-10  на женската ВТА листа, на која и натаму прва е Австралијката, Ешли Барти, пред Симиона Халеп и Наоми Осака. 
 
Прогрес од едно место на листата направија белоруските тенисерки, финалистките од турнирот во Острва. Победничката Сабаленка сега е 11-то рангирана, додека Азаренка е на 13-тата позиција.