-->
-->
Гитарата од „последниот автопортрет“ на Курт Кобејн оди на аукција
-->
Гитарата на Курт Кобејн од неговиот „последен автопортрет“ како што угледното списание „Ролинг стоун“ го нарече тој перформанс, оди на аукција во Беверли Хилс, Калифорнија, соопшти американската аукциска куќа „Џулиен’с окшнс“.
Се работи за електрична „Мартин Д-18-Е“ гитара. Кобејн со неа и со неговата група „Нирвана“ настапи на „MTV Unplugged” во Њујорк, 1993 година, неколку месеци пред својата смрт.
Албумот изведен во живо на тој настап, наредната 1994 година, доби „Греми“ награда за најдобра алтернативна музика.
Курт Кобејн почина на 5 април 1994 година.
Со гитарата, купувачот го добива и нејзиниот оригинален црн куфер.
Аукцијата ќе трае два дена – на 19. и 20 јуни. На наддавањето притоа ќе бидат понудени и други лични предмети на Кобејн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел