Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52.650 евра. Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, на наддавање во ресторан во Мексико Сити го постави Гинисовиот рекорд за најскапа вода во светот.
Ова посебно шише вода е наполнето од три извори на Земјата, т.е. три различни држави – Фиџи, Франција и Исланд. Но, и „секоја капка“, се вели – содржи „по три златни честички“ за да биде поалкална и поздрава од обичната вода.
Стакленото шише со 750 мл вода, прекриено со злато, пак, е дизајнирано според уметничките дела на италијанскиот уметник Амадео Модиљани. Дизајнот е потпишан од Фернандо Алтамирано, кој го осмислил и најскапото шише коњак во светот – „Дудоњон еритаж Анри IV“ (Dudognon Héritage Henri IV).
Средствата собрани од аукцијата беа донирани на Фондацијата „План-3-т“ (Plan3t Foundation A.C.), за борба против глобалното затоплување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка