Ги изгубил сите пари на апарати па го запалил цело казино во Велес | ФОТО
Вчеравечер лице кое изгубило пари во казино во Велес, подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот.
„На 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Пожарот бил локализиран од страна на ТППЕ Велес, соопштија од Центарот за управување со кризи.
„Повикот за интервенција кон ТППЕ Велес бил упатен во 17,45 ч. во казино во новиот дел на градот. Опожарени од гостин во казиното, со запалива течност, биле апарати во просторијата. Пожарната интервенирала со две возила и десетина пожарникари. Огнот бил локализиран во 19,45ч. Превентивно е исклучена електричната енергија од едниот влез во зградата“ - соопштија од ЦУК.
На местото од пожарот била и екипа на Итната помош, но од неа никој на побарал лекарска помош.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Тетовско
-
Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
-
Кривична пријава за Фатмир Етеми за измама при работење со хартии од вредност
-
Времен сообраќаен режим на две делници на автопатот А1
-
Реката Ламбро се излеа во близина на Милано
-
Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка
-
Тошковски - Дачиќ: Скопје и Белград ќе ја продлабочуваат соработката за намалување на метежот на граничните премини