Ги избелувал забите и за малку ќе умрел
Британецот Џејк Барет (22) за малку ќе умрел по употребата на ленти за белеење на забите. Барет само сакал да има бели заби како неговиот омилен актер Ченинг Тејтум
Тој си купил ленти за кои платил 65 фунти. По 48 часа под јазикот почнала да му се создава циста. Шест дена трпел јаки болки, а потоа отишол во болница.
Лекарите пронашле циста полна со хидроген пероксид. Анализата покажала дека на лентите кои Барет ги користел имало 15 проценти хидроген пероксид. Тој е опериран, а интервенцијата траела три часа. Момчето сега има голема дупка под брадата.
-Лекарот ми рече дека цистата била со големина на цитрон, и дека можела да пукне во секој момент и дека хидрогенот можел да ми истече во грлото. Тоа да се случело, би умрел од труење, вели Берет за медиумите.
Додава дека не бил сигурен зошто се формирала цистата, но бил сигурен дека пеницилинот што тогаш го земал поради друга боолест, ќе ја излечи и цистата.
-Меѓутоа беше се полошо. Едвај голтав дури и супа. Тогаш отидов во болница, рече тој.
Лекарите морале да му извадат и еден заб кој бил уништен од хидрогенот. Во болница бил 10 дена.
-Само сакав да имам насмевка како актерите во Холивуд. Не ми е јасно зошто произведуваат такви производи ако не се безбедни - запраша Барет.
Портпарлот на фирмата кој ги произведувача лентите вели дека мноогу жалат поради тоа што му се случило на Барет и му посакаа побрзо да се опорави. Велат дека не се запознаени со деталите за случајот и дека се ќе испитаат.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место