Г.г. Стефан: Цариградската патријаршија ни поставува неприфатли услови за томос
Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да и додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.
Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.
- Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.
Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови - откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.
МПЦ-ОА се враќа во канонско единство со другите православни помесни цркви. Вселенската патријаршија одлучи да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква. Оваа одлука не значи то
- Вселенската патријаршија која не упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград, рече г.г. Стефан.
Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.
- Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија, изјаци г.г. Стефан.
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината
-
Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
-
„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
-
Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија