Гевгелиските пожарникари минатата година имале 150 интервенции
Територијалната противпожарна единица од Гевгелија минатата година во регионот на дејствување на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран имала 150 интервенции за гаснење пожари, се вели во годишниот извештај за работа на гевгелиските пожарникари.
Најголемиот број од нив, поточно 104 интервенции биле за локализирање и гаснење пожари, додека останатите 46 биле технички интервенции особено преземани по повик од случени сообраќајни незгоди.
Во извештајот на ТППЕ Гевгелија се потенцира дека пожарите биле регистрирани на отворен простор и оти најголем број од нив, дури 78 се случиле во општина Гевгелија. По причинети материјални штети предничи општина Дојран каде што од 22 пожари била предизвикана штета од 8,7 милиони денари.
Вкупната материјална штета што ја предизвикале пожарите на териториите на трите општини од југоистокот на земјата изнесува 15,4 милиони денари.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот