Гевгелиски гимназијалци на обуката во Даблин
Гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ доби грант од 70.000 евра преку Националната агенција за европска образовна програма и мобилност. Средствата ќе бидат наменети за реализација на проектот „Воведна обука за електронски бизнис“.
- Средствата ги добивме за обука на ученици од Гевгелија за водење на електронски бизнис. За таа цел 27 наши ученици од втора и трета година се подготвуваат да тргнат на пат за Република Ирска, каде што од 6 до 20 ноември ќе учествуваат на воведната обука за водење електронски бизнис која ќе се одржи во главниот град Даблин, изјави денеска директорот на гимназијата, Борче Нечевски.
Последната препрека за учество на гевгелиските гимназијалци на обуката во Даблин ја отсртани општинскиот Совет кој на последната седница едногласно ја усвои одлуката за измени и дополнувања на финансискиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството