Гевгелиската дива депонија наскоро ќе се дислоцира
Дивата депонија за комунален отпад кај Сува река, која не исполнува минимум еколошки норми и стандарди, ќе биде „минато свршено време“ за Гевгелија, изјави денеска градоначалникот Сашо Поцков најавувајќи ја нејзината скорешна дислокација.
Операцијата ќе се одвива според однапред предвидена програма со која,по дислоцирањето на наталожениот отпад,се планира изградба на уште еден потпорен ѕид на Сува река и хортикултурно уредување на локацијата која ќе биде претворена во зелена површина.
- Од грчкиот грант за изградба на Пречистителната станица во Гевгелија останаа неискористени 420.000 евра кои ќе ги ставиме во функција на затворање на старата депонија затоа што новата депонија кај Ново Конско, градена според ЕУ стандарди и најмодерна во нашата земја, ќе профункционира во периодот март – април 2020 година, истакна Поцков.
Поцков посочи дека во функција на затворање на дивата депонија остварил средба и со претставници на компанија за отпад од Шведска кои за соодветен надомест изразиле подготвеност целиот отпад да го спакуваат во бали кои преку пристаништето во Солун би ги транспортирале кај нив за да се користат како погонско гориво за шведски нуклеарни централи.
Ново на Сител
-
Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
-
Продолжува топлото време – температури до 39 степени
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации