Германските Зелени ја потврдија кандидатурата на Баербок за канцеларка на изборите во септември
Германските Зелени денеска во Берлин и официјално ја номинираа својата кандидатка Аналена Баербок за канцелар на изборите во септември и покрај грешките кои самата ги призна и кои не и одат во корист во трката за наследник на Ангела Меркел.
На тридневниот партиски конгрес, што почна во петокот во Берлин, од 688 делегати дури 98,5 проценти гласаа за двоецот Баербок / Роберт Хабек. Хабек е копретседател на партијата.
Баербок (40) изрази жалење што, откако во април беше номинирана за канцелар направила неколку грешки, а тоа резултираше со значително намалување на популарноста на Зелените во анкетите.
Конзервативците од ЦДУ-ЦСУ во моментов се попопуларни од Зелените, иако ги предводи непопуларниот кандидат Армин Лашет. Според анкетата спроведена во четвртокот за телевизијата АРД, 28 проценти од испитаниците би гласале за демохристијаните и 20 проценти за зелените, што е пад од шест поени за еден месец.
Баербок не го пријавила во Долниот дом на германскиот Парламент бонусот што го добила од партијата, а за кој не бил платен данок. Таа, исто така, мораше да ја поправи својата биографија, во која имаше неколку грешки. И Хабек имаше одредени проблеми во редовите на неговата партија затоа што се залага за испорака на оружје за Украина, за земјата да може да се соочи со руската закана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка