Германските бизнисмени во земјава го поздравуваат пролонгирањето на прогресивното оданочување
Делегацијата на германското стопанство во државава ја поздравува одлуката на Владата за прологирање на прогресивното оданочување. Оттаму денеска информираа дека уште на почетокот на годината се спротиставиле на прогресивното оданочување и на зголемувањето на данокот на доход.
– Изразивме и критика кон не вклучувањето на приватниот сектор во изготвувањето на законската одлука, што создаде дополнителна неизвесност кај компаниите. Се чини дека Владата воочи дека прогресивното оданочување, како што беше и нашата претпоставка, допринесе за даночно затајување и зголемување на сивата економијата. Со актуелната одлука Владата се доближува кон потребите на стопанството, истакнува Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во денешната изјава.
Тој посочува дека во понеделникот се сретнал со министерката за финансии Нина Ангеловска која го информирала дека резултатите што се очекувале од прогресивното оданочување се уште не се постигнати и оти во периодот што следи Владата сака да се фокусира на оптимални, фер и ефикасни решенија.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница