Свет
17. November 2017 - 9:57

Германски суд: Кувајт ервејз има право да забрани Израелци на своите летови

Германски суд во Франкфурт пресуди дека компанијата „Кувајт ервејз“ има право да одбие да прими во авион патник од Израел поради неговото државјанство. Ваквата пресуда, еврејските групи во Германија ја осудија како антисемитска.

Судот утврди дека кувајтската компанија само ги почитувала законите на својата земја која не ја признава државата Израел, нагласувајќи дека не можат германските судови да судат за кувајтските закони.

Германскиот закон против дискриминација се применува само во случаите на расна, етничка или верска дискриминација, а не државјанства, наведе судот.

Адвокатот на Израелецот на кој не му беше дозволен влез во авион за Бангкок, најави жалба.