-->
-->
Германски министер побара создавање на европски фонд за помош на Сирија
-->
Германскиот министер за економска соработка и развој Герд Мулер во врска со случувањата во Сирија ја обвини ЕУ за неактивност, повикувајќи да биде создаден европски фонд за помош на Сирија и нејзините соседни земји.
- Можеме да докажеме дека ЕУ е способна ако создадеме европски фонд, кој ќе собере уплати од сите страни, преземајќи одреден број бегалци, како и да се формира европска организација за помош на бегалците. Срамно е што се уште ги немаме тие работи. Брисел треба итно да се активира, истакна Мулер.
Министерот предлага да се подготви програма за околу 10 милијарди евра за подобрување на ситуацијата во Сирија и нејзините соседни држави.
- Поддршка најмногу им е потребна на Либан, Ирак и Јордан, нагласи Мулер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања