Германски медиуми: Најмногу заразени на германскиот автопат А3 преку кој доаѓаат од Западен Балкан
На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија.
Според германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволија да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни.
На проторот за одмор во Хохфелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има на Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти).
На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 биле заразени, додека на А93, од 7.285 тестови за присуство на коронавирус, 32 од нив биле позитивни.
Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше изјавата на министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека тест станицата на автопатот А3 „широко ја користат патниците од Западен Балкан“.
Новинарот на тој весник потсетува дека за голем број на земји од тој регион – како Србија и Босна и Херцеговина – предупредувањата на германското Министерство за надворешни работи до граѓаните да не патуваат во тие земји заради зголемениот ризик од инфекција се уште се во сила.
Во последниве денови, бројот на новозаразени повторно се зголеми во Германија.
Во извештајот на весникот се најавуваат засилени контроли за задолжителното носење заштитна маска и физичко растојание од 1,5 метри во Баварија, како и зголемено присуство на полицијата на шеталиштата, места за капење и јавни паркови.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите