Германски компании очајно бараат нови работници
Германски компании очајно бараат нови работници, судејќи според анкета спроведена од минхенскиот институт Ифо меѓу 9.500 фирми за нивните планови поврзани со вработување нови кадри.
Барометарот на Ифо за вработување се зголемил од 112 поени во октомври на 113,2 поени во ноември. Тоа е највисоко ниво регистрирано децении наназад.
Најмногу работници бараат компании од машинско инженерство и производители на електрични производи.
Во фирми што се занимаваат со дистрибуција исто така е изразена подготвеност за нови вработувања, а се очекува и зголемен број вработени во малопродажбата и големопродажбата. Слична е „сликата“ и во градежништвото каде претприемачите се жалат на огромни тешкотии во пополнување празни позиции, се вели во соопштението на Ифо.
Ново на Сител
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели