Германски експерти сметаат дека е потребна една доза вакцина против Ковид-19 за децата на возраст од пет до 11 години
Германскиот советодавен одбор за вакцини проценува дека една доза од вакцините против Ковид-19 е доволна за заштита на здравите деца на возраст од пет до 11 години, бидејќи повеќето од децата веќе биле изложени на инфекцијата.
Позицијата на 18-членото советодавно тело (СТИКО) е во спротивност на регулативата во рамките на ЕУ според која се предвидуваат две дози вакцина за односната старосна група.
Американските здравствени власти минатата недела дури одобрија трета, засилена доза за децата.
Претходниот став на експертското тело од декември минатата година беше дека за односната старосна група вакцинацијата треба да биде органичена на оние кои се изложени на ризик од развивање тешки форми на Ковид-19 или на оние кои живеат со лице во ризик. Ставот тогаш беше критикуван како недоволен за да се следи брзината на ширењето на инфекцијата со коронавирусот.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах рече дека целосно го поддржува ставот на СТИКО.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април