-->
-->
Германски авион принудно слета во Кувајт поради закана од бомба
-->
Патнички авион на германската компанија „Еуровингс“, што леташе на релација од Келн до оманскиот град Салалах, принудно слета на аеродромот во Кувајт, поради закана за псотавена бомба во леталото.
Како што јави ДПА, веднаш по слетувањето, од авионот од типот „Ербас А330-203“ биле евакуирани сите 299 патници и членови на екипажот.
Во тек е операција на кувајтските безбедносни сили за проверка на леталото.
- Авионот принудно слета на меѓународниот аеродром во Кувајт поради сомнеж дека во леталото би можело да има бомба. Во тек е прелиминарна истрага за да се утврди дали во авионот има експлозив, соопшти кувајтската Аленција за цивилно воздухопловство.
Засега нема повеќе детали за карактерот заканата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија