Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ
Германската влада соопшти дека Украина ги исполнила условите за реформи неопходни за започнување на дискусии за пристапување во Европската унија, јави ДПА
-Според германската влада, Украина ги исполнува сите услови за да може да ги започне преговорите за влез во ЕУ во јуни. Затоа бараме сите земји-членки брзо да постигнат договор за преговарачката рамка, изјави за ДПА германската државна министерка за европски прашања, Ана Лирман.
Во декември, лидерите на ЕУ се согласија да ги отворат пристапните преговори за Украина и ја потврдија својата посветеност да продолжат да даваат силна поддршка за Киев и украинскиот народ онолку долго колку што е потребно.
Сепак, последниот извештај на Европската комисија покажа дека Украина не успева да спроведе некои реформи, особено во борбата со корупцијата и заштитата на малцинствата, па државите се согласија дека сите барања за реформи треба да се исполнат пред да започнат преговорите
Амбасадорите на ЕУ планираат да се состанат следната недела за да разговараат за рамката за разговорите. Унгарија се смета за можна пречка.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба