-->
-->
Германска опозициска политичарка нападната со торта
-->
Членот на раководството на партијата „Левица“ Сара Вегенкнехт била нападната со торта поради нејзините јавно искажани ставови за бегалците.
Политичарката била нападната во Магдебург каде што денеска нејзината партија одржува конгрес, а нападот го извршила група што се нарекува „Антифашистичка иницијатива - Торта за мизантропите“, која пред конгресот дистрибуирала флаери во врска со позициите на Вегенкнехт за бегалците.
Опозициската политичарка смета дека Германија мора да воведе горна граница за прием на бегалци и дека „не сите бегалци можат да дојдат во земјата“ што предизвика и внатрешен судир во „Левицата“, која е најголема опозициска партија во актуелниот германски федерален Парламент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница