Германија во среда ќе го намали данокот на гориво
Во Германија во среда почнува тримесечната фаза на намалување на даноците на горивото, што треба да ги растовари граѓаните по драстичниот пораст на цените на енергенсите во последните месеци.
Литар бензин треба да поевтини за 35,2 центи, а дизелот за 16,7 центи. Литар супер денеска во просек изнесува 2,13 евра, а дизелот 2,02 евра.
„Не сакаме да ги оставиме на цедило граѓаните кои се зависни од автомобили“, напиша германскиот министер за финансии Кристијан Линднер на Твитер.
Тој најави дека ќе побара од Канцеларијата за сузбивање на картелите внимателно да ги следи цените на бензинските пумпи за да утврди дали компаниите продаваат по намалени цени.
И најголемиот германски автомобилски клуб АДАК (ADAC) најави дека „интензивно ќе го следи“ движењето на цените на горивото.
Но, аналитичарите предупредуваат дека властите немаат инструменти да ги принудат нафтените компании да ги намалат цените на бензинските пумпи.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство