Германија со уште четири земји поднесе иницијатива за формирање европски единици за брза интервенција
– Германија, заедно со уште четири други членки на ЕУ, покрена иницијатива за формирање воени единици за брза интервенција, објавија денеска германските медиуми.
Концептот предвидува понатамошен развој на постојната борбена група на ЕУ во единици кои би можеле да интервенираат „брзо и интензивно“ во сите делови на светот.
„Неодамнешните настани во Авганистан уште еднаш покажаа дека ЕУ мора да биде способна да интервенира робусно и брзо“, се вели во документот потпишан од Германија, Португалија, Финска и Словенија, во кој имаше увид ДПА.
Овие пет земји предлагаат да се овозможи формирање „коалиција на волјата“ надвор од рамките на членот 44 од Договорот за Европската унија, со која се регулира јурисдикцијата во случај на интервенција, што би овозможило поголема флексибилност и „модуларна акција“ за поддршка на Брисел во управување со кризи.
Новата единица ќе брои до 5.000 војници. Сегашниот концепт на борбената група на ЕУ предвидува две единици со по 1.500 војници, а составот на единиците се менува на секои шест месеци. Оваа борбена единица досега не дејствувала на терен. За документот насловен „Повеќе подготвеност, поголема флексибилност, повеќе соработка – заедничко кон ново ниво на управување со кризи во ЕУ“ треба да се разговара до следната пролет.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок