Фудбал
3. July 2017 - 8:06

Германија победник на Купот на конфедерации

Германија е победник на десеттото издание на фудбалскиот Куп на конфедерации што се одржа во Русија земјата домаќин на следното Светско првенство. 
 
Во финалето одиграно синоќа во Санкт Петербург, подмладениот германски состав забележа минимална победа над јужно-американскиот шампион Чиле со 1:0.
 
Клучниот момент на натпреварот се случи во 20.минута кога чилеанскиот дефанзивец Дијаз направи голема грешка односно му дозволи Тимо Вернер на работ на казнениот простор да на му ја одзеде топката, а потоа го проигра Ларс Штиндл кој лесно реализираше.
 
За актуелниот светски шампион Германија ова е прв трофеј во Купот на конфедерации. 
 
Што се однесува до индивидуалните награди. Германскиот капитен Јулијан Дракслер ја доби наградата за најдобар играч, а неговиот соиграч Тимо Вернер најдобар стрелец, додека капитенот на Чиле,  Клаудио Браво беше прогласен за најдобар голман.