-->
-->
Германија ја зајакнува армијата
-->
Германското министерство за одбрана денеска најави дека ќе го зголеми бројот на војниците во армијата и ќе го зголеми буџетот на војската. По долги години на намалување на бројот на војниците ( во 1990 - 585 илјади во 2016 - 177 илјади) германската министерка за одбрана Урсула фон Лејен најави промени и во финансирањето на армијата која со години троши по околу 1 % од федералниот буџет.
Со планот на министерството за одбрана армијата треба да добие нови 14,300 војници и околу 4,400 цивилен персонал.
„Промените се неопходни со оглед на актуелните состојби“, изјави фон Лејен која што дополни дека половина од новите војници ќе бидат вработени во наредните 8 години а буџетот до 2020 година ќе се зголеми за околу 5 милијарди евра.
Покрај притисокот од САД од каде постојано се бара зголемување на буџетот за армијата, состојбата во Украина и Сирија германските власти имаат и внатрешни причини за инвестирање во војската. Покрај 16 воени мисии во кои е инволвиран „Бундесверот“, министерството за одбрана беше цел на критики по неколкуте скандали со воена опрема како оној со откритието дека стандардната армиска пушка Г36 губи дел од своите функции на високи температури.
Според весникот „Цајт“ војниците кои што имаат застарена опрема мораат да одат во опасни мисии како оние во Сирија или во Мали каде што лани беа убиени тројца француски војници. Во извидувачката мисија над Сирија авионите „Торнадо“ најчесто се постари од пилотите а во пешадиските операции војниците сеуште се во очекување на тенковите „Пума“ на чие производство се чека две децении.
И покрај најавите за зголемување на воениот буџет Германија сеуште е далеку од договорот со кој НАТО членките треба да одвојуваат по 2 % од своите државни каси за воени потреби. За да се исполни тоа ветување Германија ќе треба да троши околу 60 милијарди евра наспроти сегашните 32 милијарди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот, негира вмешаност во убиствата на Вања и Панче
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот