Германија и Франција бараат дијалогот Белград-Приштина да продолжи веднаш
Министрите за надворешни работи на Германија и Франција, Хајко Мас и Жан-Ив Ле Дријан, повикаа на итно продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, под покровителство на ЕУ.
Целта е да се постигне одржлив, сеопфатен и правно обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина, потенцираат министрите, истакнувајќи: Ова не е време за политички маневри.
Двајцата министри во заедничкиот текст, објавен во белградските „Блиц“ и приштинска „Коха диторе“, велат дека се решени да ги отстранат сите преостанати бариери меѓу Белград и Приштина и истакнаа дека, откако Мирослав Лајкчак ја презеде функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалог, крајно време е повторно покренување на процесот.
Министрите оценуваат дека нерешената состојба меѓу двете страни останува фактор на дестабилизација за целиот Западен Балкан, дека има безбедносно значење за цела Европа, како и дека го спречува многу потребниот економски развој и политичкиот напредок.
Тие изјавуваат дека од оваа причина земјите-членки на ЕУ назначиле еден од најискусните европски дипломати, Мирослав Лајчак, за специјален претставник за дијалог Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, и потенцираат дека Франција и Германија се подготвени да му обезбедат силна политичка, дипломатска и економска поддршка.
„Ние сме свесни за голем број отворени прашања што мора да се решат пред да се постигне договор. Нема покус пат или брзи решенија, сериозен пристап бара добро структурирани, темелни преговори и тоа со Европската унија како искрен посредник“, рекоа тие.
Министрите ја потенцираат потребата од посилен ангажман во посредувањето и политичката одлучност, што, како што велат, може да се очекува од Мирослав Лајчак и неговиот тим, со поддршка од шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеф Борел, како и од Берлин и Париз.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок