Германија годинава планира да потроши над 10 милијарди евра за бегалци
Австриската железница во саботата транспортирала вкупно 11.000 бегалци кои пристигнале од Унгарија кон Германија.
Дополнителни 2.200 бегалци денеска, до 9 часот по локално време, тргнале на пат од Виена со воз во правец на Германија, потврди австриската железница.
Од петокот вечер, кога Австрија ја отвори границата, во договор со Германија, по хаосот во Унгарија, граничниот премин Никелсдорф го минале над 10.000 лица.
Голем дел од бегалците продолжиле со патот кон Германија, а само мал дел одлучиле да поднесат барање за азил во Австрија.
Претходно германските медиуми јавија дека околу 7.000 бегалци од Унгарија, преку Австрија синоќа пристигнале во Германија, во најголем дел на железничката станица во Михен.
Бегалците извикувале „Пристигнување во ветената земја“, „Данке Дојчланд“ и „почитување“, кои во најголем дел се од Сирија.
Десничарите во Дортмунд синоќа излегоа на протест против прифаќањето на бегалците, а полицијата употреби „бибер-спреј“ со цел да спречи судир на групата со насилната левица, која исто така, одржа собир во градот.
Во демонстрантите најмалку едно лице е повредено, а едно е уапсено од редовите на левичарите, пренесуваат германските медиуми.
Повик за собирање на десничарите упати партијата на Десницата, објавувајќи дека во Дортмунд ќе бидат распоредени најголем број од бегалците, прифатени од Унгарија.
Во Дортмунд денеска се очекува да пристигнат околу 1.400 бегалци од Унгарија.
Вкупните трошоци на Германија за бегалците само оваа година ќе изнесуваат околу 10 милијарди евра, соопшти денеска весникот „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“, пренесува ТАСС.
Оваа сума е четири пати поголема, отколку во 2014 година, кога германските трошоци за бегалци изнесуваа околу 2,4 милијарди евра. Во 2014 година во Германија азил побараа 203.000 бегалци, додека годинава земјата се подготвува да прими 800.000 бегалци.
Трошоците на Германија за секој бегалец на годишно ниво изнесуваат 12-13 илјади евра. Тие вклучуваат пари за сместување, храна, здравствени услуги, административни и други трошоци.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари