Германија ги враќа бегалците од Авганистан
Чартер лет со 125 авганистански бегалци, придружувани од претставници на Германија и Авганситан кои треба да се уверат дека репатријацијата е безбедна, денеска слета во авганистанскиот главни град Кабул.
Во летот организиран и координиран од владите во Берлин и Кабул и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) имало бегалци кои што доброволно се враќаат дома.
Според германските власти, како што јави дописникот на МИА од Берлин, голем дел од повратниците биле жртви на шверцерите со луѓе, а во Германија не ги задоволуваат критериумите за добивање на азилантски статус, пред се поради тоа што во Авганистан нема воени конфликти, како што е случај со големи делови од териториите на Сирија и Ирак.
По сириските и ирачките бегалци, Авганистанците се најбројната група на мигранти кои преку Турција и балканската рута пристигнуваат во ЕУ.
Ново на Сител
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот