Свет
24. October 2021 - 12:03

Германија ги додаде Бугарија и Хрватска на списокот на држави со висок ризик од Ковид-19

Германија денеска ги додаде Хрватска и Бугарија на својата листа на зони со висок ризик за Ковид-19, воведувајќи минимум пет дена карантин за невакцинирани и патници кои не прележале, а кои пристигнуваат од двете држави, јави ДПА.

Три други земји од Европската унија – Романија, Литванија и Словенија – веќе се на списокот, составен од германскиот институт Роберт Кох.

Вкупно, речиси 70 земји ширум светот се прогласени за зони со висок ризик за Ковид-19 од Германија. Секој кој не бил болен или не бил целосно вакциниран и се враќа во Германија од овие земји, мора да биде подложен на 10-дневен карантин. Може да се скрати ако оние кои доаѓаат од овие земји имаат негативен тест за коронавирус пет дена по пристигнувањето.

Заедно со Хрватска и Бугарија, на листата на земји со висок ризик денеска беа додадени и Камерун, Сингапур и Република Конго, а отстранети се Кенија, Косово, Ирак и Хондурас.