Германија, Франција и САД ја осудија одлуката на Русија за олеснување на давањето руско државјанство на Украинците
Германија, Франција и САД ја осудија одлуката на Москва да го олесни давањето руско државјанство на Украинците кои живеат во бунтовничките региони во источна Украина.
– Заедно со Франција го осудуваме рускиот декрет кој треба да го олесни давањето руско државјанство на населението во источна Украина, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.
Како што се додава, регионите на кои се однесува овој декрет се дел од територијата на Украина.
Стејт департментот соопшти дека САД ја осудија одлуката на Путин да го забрза обезбедувањето на руското државјанство на Украинците кои живеат во источна Украина.
– Русија, преку оваа провокативна акција, го интензивира својот напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Според претседателскиот декрет, барањата на Украинците од регионите Доњецк и Луганската област ќе бидат решавани во период до три месеци.
Уредбата на рускиот претседател Владимир Путин со која, меѓу другото, на жителите на украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск им се овозможува полесно да добиваат државјанство на Русија, претставува уште еден напад на Москва врз суверенитетот на Украина, соопшти денеска Кабинетот на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Во соопштението се посочува дека вчерашната одлука на Москва, што доаѓа само неколку дена по украинските претседателски избори, на кои „е покажана силна приврзаност на Украина кон демократијата и владеењето на правото“, ја покажува намерата на Русија за „дополнителна дестабилизација на Украина и влошување на судирот“.
– Се надеваме дека Русија ќе се воздржи од акции што се во спротивност со договорот од Минск и ја попречуваат целосната реинтеграција на подрачјата што не се под контрола на украинската Влада. Сите страни мораат во целост да ги исполнат своите обврски од договорот од Минск. Европската унија останува посветена на својата поддршка на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се истакнува во соопштението на Кабинетот на Могерини.
Путин вчера потпиша декрет со кој се овозможува забрзано решавање на барањата за добивање руско државјанство на Украинците кои живеат во Доњецк и Луганск.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња