Живот
29. јуни 2016 - 10:41

Германија: Бегалец најде 150.000 евра и им ги врати на властите

Бегалец од Сирија, кој минатата година дошол во Германија, во стар плакар добиен од една хуманитарна организација пронајде 150.000 евра, кои им ги предаде на властите, соопшти германската полиција.

Сириецот, чие име не е објавено, пронашол 50.000 евра во готово, како и штедна книшка каде со повеќе од 100.000 евра, кои биле сокриени во плакарот.

Полицијата од германскиот град Минден соопшти дека луѓето редовно враќаат помали количества пари, но дека „вака голема сума е апсолутен исклучок“. 

Сириецот од Германија дошол како бегалец лани во октомври.