Германците не веруваат дека Владата има контрола врз бегалците
Истражувањето на јавното мислење спроведено од германскиот јавен телевизиски сервис АРД покажува дека 81 отсто од граѓаните на Германија не веруваат дека Федералната влада во Берлин може да ја контролира состојбата со бегалците.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, дури 61 проценти од испитаниците генерално не се задоволни од работата на Владата. Од друга страна, 46 отсто од анкетираните се задоволни од работата на германската канцеларка Ангела Меркел, што е за 12 процентни поени помалку од анкетата спроведена минатиот месец и што е најлош резултат од 2011 година.
Телефонската анкета, спроведена на почетокот на неделава со 1.004 луѓе, има маргина на грешка од плус-минус 3,1 проценти.
Канцеларката Меркел и нејзината Влада се наоѓа во најтешка ситуација во десетгодишното владење поради огромниот број на бегалци (1,1 милион), што влегоа во земјата минатата година како и поради огромните трошоци (над 50 милијарди евра), што ќе ги има Германија во наредниве две години.
Насилствата врз над 1.300 жени за време на Новогодишната ноќ во неколку германски градови од страна на мигранти со арапско и северно африканско потелко дополнително го зголемија јавното незадоволство од владеењето на Меркел и нејзината Влада.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?